Прејди на содржината

Ерзјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерзјани
Эрзят
Ерзјански жени во традиционална носија
Подрачја со значајно население
 Русија:
 Мордовија
Јазици
Ерзјански, Руски
Вероисповед
Православие, Ерзјанска традиционална религија, Лутеранство
Сродни народи
Други Волшки Финци, особено Мокшаните и Маријците

Ерзјани (исто така Ерзијци; ерзјански: эрзят, руски: эрзяне) — еден од мордвинските народи.[1]

Ерзјаните го зборуваат ерзјанскиот јазик од мордовската подгрупа од семејството на уралски јазици и живеат главно во Република Мордовија и други делови од средишниот слив на реката Волга во Русија.

Според рускиот попис од 2010 година во Русија има 57.008 Ерзјани.[2]

Место на дистрибуција

[уреди | уреди извор]

Помалку од половина од Ерзјаните живееат во Република Мордовија во Руската Федерација, во близина на реките Сура и Волга. Другите Ерзјани се распространети низ руските региони Самара, Пенза, Оренбург, Татарстан, Чувашија, Башкортостан, Сибир, низ Далечниот Исток, Ерменија и САД.

Значителен дел од населението на Ерзија живее на античка етничка територија, и е поделено на:

  • источна група на Ерзјани (сите области на источниот дел на Мордовија, Алатир, Порецки и Ибресинските области на Чувашија);
  • северна група на Ерзјани (во Гагински, Лукојановски, Сергахски, Шатковски, во Пилнинската област во Нижни Новгород, и Болшеигнатовската област во Мордовија);
  • група Ерзјани од североисточните области на регионот Пенза (во окрузите Городишче, Николски, Пенза, и Сосновоборскиот округ).

Познати луѓе со потекло од Ерзија

[уреди | уреди извор]
Девојки од Ерзија, 1914 година
Жена од Ерзија, со штатол
  1. Erza We Are!, Two languages – two nations
  2. „Официальная публикация итогов Всероссийской переписи населения 2010 года. Т. 1. Численность и размещение населения“. Федеральная служба государственной статистики (Russian). Russian Federal State Statistics Service. 2010.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)