Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook!
Уредувачки ден „Тајни здруженија“
Се известуваат сите заинтересирани уредници дека на 1 мај 2025 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Тајни здруженија“.
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2025“
Од 1 до 30 април 2025 година, на Википедија на македонски јазик се одржува меѓународниот уредувачки натпревар: „СИЕ Пролет 2025“. Прочитајте ги упатствата на проектната страница, земете учество и освојте една од наградите!
На 30 април 2025 година се одржува уредувачки маратон по повод Меѓународниот ден на џезот: „Џез“. Сите уредници на Википедија на македонски јазик се добредојдени да дадат свој придонес на темата!
Стегосаурусите биле големи, силно изградени, тревојадни четириножни животни со заоблени грбови, кратки предни екстремитети, долги задни екстремитети и опашки држени високо во воздухот. Поради нивната карактеристична комбинација на широки, исправени плочи и опашка со шило (тагомизер), Стегосаурусот е еден од најпрепознатливите видови диносауруси. Функциите на овие низи од плочи и шила е предмет на многу шпекулации меѓу научниците. Денес, општо е согласно дека нивните шилести опашки најверојатно се користеле за одбрана од грабливци, додека нивните плочи можеби се користеле првенствено за прикажување, а секундарно за терморегулаторни функции. Стегосаурусот имал релативно низок однос на мозокот со телото. Имал краток врат и мала глава, што значи дека најверојатно јадел грмушки. Еден вид, Stegosaurus ungulatus, е најголемиот познат од сите стегосауруси (поголем од сродните диносауруси како што се Кентросаурус и Хуајангосаурус). (Дознајте повеќе...)
... дека кафето станало пораспространето во Западна Европа откако било прифатено за „христијански пијалак“ од папата Климент VIII?
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека роденото име на Бранислав Нушиќ е Алкибијад Нуша бидејќи татко му бил Влав од битолското село Магарево?
...дека геолозите ги прифатиле тектонските плочи дури кон крајот на 1960-тите?
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?